Иран: Американските напади на Сирија поттикнуваат тероризам

0
15


Вчерашните напади на американското воено воздухопловство врз позициите на проиранските паравоени сили на истокот на Сирија поттикнуваат тероризам во регионот, оцени денеска Али Шамкани, висок функционер на иранскиот Совет за национална безбедност.

– Американскиот напад ги охрабрува и пошироките активности на терористичката Исламска држава во регионот. Овие напади започнуваат нов круг организиран тероризам, предупреди Шамкани за време на состанокот со ирачкиот министер за надворешни работи Фуад Хусеин.

Шамкани рече дека Иран „ќе се спротивстави на плановите на САД за заживување на тероризмот во регионот“.

Претходно Вашингтон соопшти дека нападите врз позициите на проиранската паравоена група Катаиб Хезболах недалеку од границата со Ирак, се одговор на ракетни напади врз американски цели во Ирак.

Неименуван ирачки официјален претставник рече дека во американски напади еден борец е убиен и четворица ранети. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here