Ирански воен авион падна во вулкан

0
125


Иранско воено летало се урна на планината Сабалан во провинцијата Ардебил, потврдено  е за агенцијата IRNA. Спасувачките екипи се во потрага по преживеани.

Станува збор за воен авион MiG-29 кој се урнал за време на тестирање, во близина на вулкан. Според медиумите во земјата, пилотот е исчезнат.

На социјалните мрежи е објавена аматерска снимка на која се гледа како се издига чад од снежните врвови на планината. Очевидци на настанот велат дека авионот паднал во средиште на вулкан кој не е активен.

Според иранска новинска агенција, авионот е пронајден, но нема трага од пилотот и голема е веројатноста тој да се катапултирал.

Во тек е потрага и спасувачка мисија по пилотот идентификуван како полковник Мухамедреза Рахмани, еден од најискусните пилоти во земјата.

На планината Сабалан има кратер кој се претвора во езеро во одреден период од годината.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here