Интересни факти: Историјата на новогодишната елка

0
125


Замислете дочек на Нова година или прослава за Божик без накитена елка, без шарени украси и многу украсни светилки. Сите знаеме дека елките имаат почесно место во овие прослави, но патот на елката од зимзелено дрво до симбол за празник бил долг и полн со интересни факти.

Зимзелените растенија веќе со илјадници години се користат во прослави на христијанските и паганските обичаи. Паганите ги користеле за украсување на домовите во текот на зимата, за да се потсетат на доаѓањето на пролетта, додека Римјаните ги користеле да ги украсат храмовите за време на фестивали. Христијаните зимзелените растенија ги користеле како знак за вечен живот со Бога.

Нема податоци што точно можат да одредат кога елката или борот првпат биле употребени како дел од божикна традиција. Се верува дека тоа почнало пред илјада години во Северна Европа. Многу елки тогаш биле закачени на плафоните и прицврстени со синџири. Тие што не можеле да си дозволат вистинска елка, ределе исцепени дрва во форма на пирамида и ги украсувале со хартија, јаболка и свеќи.

http://kajgana.com/

Во викторијанската ера свеќичките на елката претставувале ѕвезди, а во некои делови на Европа сè уште се користат како украси. Меѓутоа, поради страв од пожар, во 1895 година биле направени електрични светилки што ги замениле свеќичките.

http://kajgana.com/

Разни светликави украси биле користени за украсување на елките кога тие почнале да се украсуваат. Разликата меѓу денешните и тогашните украси е во тоа што тие биле направени од сребрени топчиња, но кога почнале да се произведуваат пластични, тие брзо ги замениле сребрените.

Употребата на елката во божикните и новогодишните прослави првпат била документирана во 1510 година во главниот град на Летонија, Рига. За самата церемонија нема многу познати детали, но се знае само дека на крајот на прославата луѓето ја запалиле елката.

Исто така постои слика од Германија, настаната во 1521 година, која прикажува бискуп како јава покрај елка што луѓето ја носат низ градот. Се верува дека бискупот го претставувал свети Никола. Првиот човек кој однел елка дома, според обичаите што денес ги знаеме, бил свештеникот Мартин Лутер. Тој гледајќи низ крошните на дрвјата видел ѕвезди, кои го потсетиле на Исус, па исекол елка и ја однел дома. Во Германија, елките биле украсувани со украси за јадење, како што се шеќерни јаболка и сладок леб. Но, подоцна почнале да прават стаклени украси слични на овие денешните.

http://kajgana.com/

Првото божикно дрво во Велика Британија било поставено за време на владеењето на принцот Алберт. Додека во 1848 година кралската божикна елка била објавена во познатите лондонски весници.

Поради тоа култот на божикната елка набрзо станал популарен и во Соединетите Американски Држави.

Вештачките елки станале популарни во 20 век. Во тој период постоеле дури и модни ревии на пластични елки обоени во разни бои. Со години овие елки биле правени од метал, хартија, пердуви и разни типови пластика.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here