Интересен предлог за ручек – мусака со кисела зелка

0
107


Доколку сакате да имате поинаква мусака денеска на вашето мени – ви ја предлагаме мусаката со кисела зелка. Мусаката ја сакаат речиси сите. А овој рецепт малку ќе го „освежи“ начинот на кој ја подготвувате.

Потребни состојки:

  • 1 кг кисела зелка
  • 500 г мелено месо
  • 100 г ориз
  • 1 главица кромид
  • 1 цело јајце + 2 жолчки
  • 200 мл кисело млеко
  • Малку млеко
  • Сол и бибер

Начин на подготовка:

  1. Зелката ситно исечкајте ја. Ставете ја во тенџере со малку масло и пропржете ја.
  2. Оризот сварете го во солена вода и процедете го.
  3. Кромидот ситно исечкајте го и ставете го да се пржи. Додајте го меленото месо, зачинете го и пропржете го заедно со кромидот. Откако меленото месо ќе се излади, додајте 1 јајце и промешајте.
  4. Во длабок сад за печење, редете слој по слој – прво зелка, па ориз, па мелено месо. Повторете ја постапката, завршувајќи со слој од кисела зелка.
  5. Измешајте го киселото млеко со жолчките и додадете малку млеко за да ја разредите смесата. Полијте го јадењето.
  6. Печете на 180 ᵒС, еден час, додека зелката не се запече.

Доколку сакате и вкусна идеја за десерт, прочитајте како да направите брауни колачиња со мармалад од сливи.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here