Импресивна актерска екипа во „The Last Full Measure“, приказна за воени херои

0
134


Roadside Attractions го објави првиот трејлер за воената трама/трилер „The Last Full Measure“.

Сценариото и режијата се на Тод Робинсон (Phantom), а феноменалната актерска екипа ја предводи Себастијан Стен (Avengers: Endgame), во улогата на политички советник кој е испратен на мисија да собере информации и приказни за наводниот херој Вилијам Питсенбаргер (Џереми Ирвајн) за кој се одлучува дали да добие постхумно признание Медал на честа.

Во филмот исто така играат Семјуел Л. Џексон, Ед Харис, Вилијам Хурт, Кристофер Пламер, Дајен Лед и Питер Фонда на кого ова му е последна филмска улога.

Кинопремиерата на „The Last Full Measure“ се очекува на 17 јаунари, 2020 година.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here