Икарди го брани Лукаку: Можеби му треба подолго време за да се навикне

0
116


Милано, 16 октомври 2019 (МИА) – Напаѓачот на ПСЖ, Мауро Икарди, кој игра таму како отстапен од Интер, застана во одбрана на Ромелу Лукаку.

Во првите четири натпревари за „нероазурите“, Белгиецот постигна три гола, но во наредните четири не успеа да постигне ниту еднаш.

– Мислам дека не се наоѓа во тежок период. Напротив, мислам дека тој започна добро, постигна неколку голови веднаш. Потоа се повреди и ова може доведе до вообичаените критики, бидејќи Лукаку е голема инвестиција за клубот и беше силно поддржан од Антонио Конте, па затоа мора да ги исполни очекувањата. Но, не е лесно за секој што игра во Италија. Серија А е најдефанзивното првенство во Европа. Можеби му треба повеќе време за да се навикне, но тој веќе постигна многу голови во својата кариера. Ќе го прави тоа повторно. На секој му се случува да има лош период, изјави Икарди за „Газета дело Спорт“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here