Идеја за ручек: Запечени шпагети со месо и доматно пире

0
86

Потребни ви се само 20 минути да го подготвите овој лесен и вкусен ручек.

Состојки:

450 гр. шпагети

Две лажици маслиново масло

Една главица кромид

Две чешниња лук

450 гр. мелено говедско месо

Малку сол и бибер

700 гр. пире од домати

Малку босилек

100 гр. моцарела

40 гр. пармезан

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 180 степени и намачкајте го тавчето со путер.

Сварете ги шпагетите според упатството на пакувањето, исцедете ги и оставете ги на страна.

Во меѓувреме, во голема тава сипете маслиново масло и стоплете го. Додајте исецкан кромид и пржете околу пет минути. Потоа, додајте лук и пржете уште една минута. Додајте го месото, посолете и додајте бибер. Пржете осум минути додека месото да стане кафеаво. Исцедете го остатокот од маслото, па во тавата додајте доматно пире и босилек, промешајте и оставете да се крцкаат десет минути на намалена температура.

Додајте уште малку сол и бибер по вкус. Додајте ги шпагетите, промешајте да се соединат со смесата и префрлете ги во тавчето. Одозгора ставете рендана моцарела и пармезан. Печете околу 20 минути.

Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here