Идеја за доручек: Подгответе ги најсочните мусли досега

0
103


Вкусен и здрав појадок е она што ви треба. Издвојте малку време и подгответе сочни мусли кои ќе ви дадат енергија за да го започнете денот.

Потребно:

100 гр. лешник

100 гр. чипс од кокос

400 гр. овесни снегулки

200 мл. вода

200 гр. урми

100 гр. путер од кикирики

Начин на подготовка:

Во тава, на средна температура, печете ги одвоено сецканиот лешник, кокосот и овесните снегулки, додека да добијат златеста боја. 

Додека се ладат, изблендирајте ги урмите и путерот од кикирики. Потоа, соединете ги двете смеси, измешајте ги и ставете ги во фрижидер. Додајте ѓумбир во прав, ванила или цимет.

Сервирајте со јогурт или соино/кокосово млеко или со омиленото смуди кое го консумирате за доручек.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here