Идеја за вечера: Лазањи капрезе

0
128


Совршен рецепт кога немате многу време за готвење, а сакате да уживате во богат вкус.

Пробајте го овој едноставен рецепт за лазањи со пилешко.

Потребни состојки:
– 500 гр. пилешко месо, зготвено и исечкано на парчиња
– 12 кори за лазањи, згответе ги според упатството
– свеж босилок, ситно исечкан
– лажичка лук во прав
– 250 мл. павлака за готвење
– 500 гр. крем сирење
– 240 мл. пире од домати
– 60 гр. рендан пармезан
– 12 парчиња свежа моцарела (од едно пакување извадете 12 парчиња)

Начин на подготовка:

Загрејте ја релната на 180 степени. Во голем сад измешајте пилешко, рендана моцарела и пармезан, босилок и пире од домати.

Со миксер изматете го крем сирењето, павлаката за готвење и лукот. Додајте и малку босилок, одвојте половина од смесата, а останатата половина промешајте ја со месо.

Половина од смесата од крем сирењето распоредете го на дното на тавчето, па наредете лазањи.

Филувајте со месо, ставете ги корите, па пак месото додека да го истрошите филот. Покријте со корите, па прелијте со преостанатата смеса од крем сирењето.

На врвот ставете моцарела, наросете со босилок, па печете околу половина час или додека да биде готово.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here