Жените со радост го пречекуваат овој период од годината затоа што можат да експериментираат со својот маникир. Постојат премногу празнични дезени со коишто ноктите ќе ви изгледаат прекрасно за време на новогодишните и божиќните прослави. Погледнете неколку предлози и изберете го маникирот што најмногу се вклопува во вашиот стил.
1. Апстрактни новогодишни елки
Новогодишни елки, но модерни. Овие едноставни зелени линии изгледаат одлично на безбојна, сјајна основа.
2. Светки
Ако не сакате нокти со премногу светки, тогаш овој предлог е одличен избор за вас.
3. Небесни sвезди и месечини
Одлична замена за новогодишните и божиќните дезени.
4. Едноставни sвезди
Ѕвездите се модерни во текот на целата година, но за Нова година и Божиќ со ваков маникир ќе изгледате посебно. Нека бидат во бела или во металик сребрена боја.
5. Црвени и бели точки
Ако не сте голем љубител на впечатливите дезени или не сакате нешто премногу празнично, пробајте ги овие едноставни точки во боите на Дедо Мраз.
6. Црвен сјај
Нема ништо повеќе божиќно од црвениот сјаен лак. Едноставен, но впечатлив.
7. Сјајни црни нокти
Нема ништо помодерно од црниот сјаен лак, а можете да го комбинирате со секој вечерен аутфит.
8. Шеќерни бастунчиња
Не ќе можете да му одолеете на овој дезен. Комбинирајте го со црвен светкав лак на домалиот прст.
9. Снегулки
Комбинирајте ги традиционалните снегулки на тегет основа со светки со сребрен сјај.
10. Срца
Уште еден дезен што е модерен во текот на целата година. Љубителите на срца ќе се чувствуваат прекрасно со овој маникир.
11. Металик златна боја
Сакате нешто пријатно и сјајно? Ова е одлична комбинација за вас.
Погледнете ги и овие стилски модни комбинации во кои доминираат чизмите над колена.