Ибра: Ни фалеше искуство | Кајгана

0
104


Златан Ибрахимовиќ смета дека Милан дербито го загубил поради недостаток на искуство од играње вакви големи натпревари.

Ниту шведскиот ас не му помогна синоќа на Милан. Неговото навремено опоравување донесе оптимизам кај навивачите на „Росонерите“, асистираше и даде еден гол, но Милан сепак загуби од Интер иако на полувреме водеше со 2:0.

„Според мене, она што ни недостасуваше беше искуство. Кога водиш со 2:0 треба да знаеш како да го задржиш тоа водство и да го контролираш натпреварот. Примивме два брзи гола во второто полувреме и потоа настана хаос, загубивме самодоверва, направивме многу грешки, а тие нѐ казнија со третиот и четвртиот гол“, рече Златан.

Веќе в четврток Милан има нов предизвик и тоа првиот полуфинален натпревар од Копа Италија против Јувентус во Милано.

„Треба да се опоравиме од овој натпревар, да ја повториме играта од првиот дел, да анализираме што се случи во вториот за да не ги повториме грешките во четврток. За среќа брзо имаме нов натпревар и шанса да се покажеме во подобро светло“.

Ибра беше прашан и за тоа дали Интер има шанси да го освои Скудетото, на што експресно и едноставно, кратко рече „Не“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here