Ибра: Во мојот свет нема место за расизам

0
7


Златан Ибрахимовиќ беше неправедно обвинуван за синоќешната преписка со Ромелу Лукаку дека расистички навредувал.

Точно е дека двајцата си разменија сочни навреди, но расизам немаше. Тоа денеска го соопшти и самиот Златан Ибрахимовиќ, а во негова одбрана застана и неговиот поранешен соиграч Пол Погба.

„Во светот на Златан нема место за расизам. Сите сме иста раса, сите сме исти! Сите сме ИГРАЧИ, некои подобри од другите“, твитна Ибрахимовиќ околу нападите врз него дека го навредувал Лукаку на расна основа.

Навредите беа навистина сочни, но не вклучуваа расизам, туку мајки, сестри, жени и тоа од двајцата.

Во одбрана на Ибра застана и црномурниот Пол Погба, кој со него настапуваше во Манчестер Јунајтед. И тој твитна и тоа: „Златан… расист? Тој премногу ме сака така да тој е последната личност за која би помислил дека е расист! Абе ајде, не се шегувајте со тоа!“





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here