Зошто помошниот судија бараше автограм од Холанд?

0
4


Романскиот помошник Октавиан Совре ги зачуди сите со својот потег по натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Борусија кога во тунелот побара автограм од норвешкото чудо, што е вон кодексот на однесување на официјалните лица.

Многумина го критикуваа за неговиот непрофесинален однос откако романскиот помошен судија беше фатен во кадар како по завршувањето на натпреварот бара автограм од Ерлинг Браут Холанд.

Норвежанецот беше на „Итихад“ во вторникот кога неговата Борусија му се спротивстави на Манчестер Сити во првиот четврфинален натпревар од Лигата на шампионите и загуби со 2:1.

Причината поради која Совре постапил вака непрофесионално, сепак не е за критика. Имено, тој собира автограми од познати спортисти кои потоа ги продава на аукција собирајќи пари кои се наменети за деца кои страдаат од тешка форма на аутизам во неговата родна Романија.

„Автограмот е за благородна цел. Можеби луѓето не знаат, но Тави е директно инволвиран во поддршката на асоцијацијата. Многу ни има помогнато изминативе години“, вели Симона Злибут, претседателка на Asociația SOS Autism Bihor во изјава за Gazeta Sporturilor.

Холанд одеше кон соблекувалната во подтрибинскиот простор кога Совре му пријде. Норвежанецот без приговор ги потпиша црвениот и жолтиот картон, иако се гледа како прво зачудено го прашува нешто.

Совре беше фатен како прекршува едно непишано правило кои ги спречува судиите да комуницираат со фудбалерите на персонално ниво. Gazeta Sporturilor открива дека Совре сакал да земе автограм и од Пеп Гуардиола, но успеал само Холанд да го начека.

Кога на преносот камерите го фатија контроверзниот момент, првичните реакции беа доста нападни кон Романецот.

„Имаа доста тешко прво полувреме, а направија и доста грешки. Може да бидеш фан, но не смееш да го правиш тоа пред останатите играчи. Едноставно е недолично“, рече поранешниот фудбалер Овен Харгривс кој го коментираше натпреварот за BT Sport.

„Никогаш не е вистинско време за тоа, едноставно не прави добра слика за судиите. Детска работа“, рече поранешниот бек на „Граѓаните“, Џолион Лескот.

„Ми кажаа за тоа, но не го видов. Можеби е фан. Зошто да не? Судиите беа одлични, натпреварот мина без проблеми. Немаше пенал, и ВАР го потврди тоа. Можеби побарал за неговиот син или ќерка“, изјави Гуардиола на пресот по натпреварот откако беше запрашан за случката.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here