Зошто најблиските често се “жртви” на нашиот стрес?

0
133


Дури и кога сакаме да имаме совршен викенд со семејството се случува за нешто да се изнервираме и да им викаме на најблиските, без да го сакаме тоа. За илустрација, во продолжение прочитајте една „сцена“ од нашите животи.

Викендот е време за чистење. Ќе ја средите куќата, ќе ги наместите сите нешта како „под конец“ и ќе сварите кафе. Ќе го повикате и сопругот да ви се придружи. Тој ќе посегне по кафето и… Ќе го истури! Тоа ќе ви го „крене“ притисокот и ќе почнете да му викате. Тој ќе ја подигне шолјата и уредно ќе исчисти зад себе, не велејќи ништо.


Да му се случеше ова на некој гостин, кој ништо не ви значи во животот, сигурно ќе му кажевте да не се вознемирува и ќе исчистевте.

Тоа се тие апсурди.

Многу често нашите лични стресови ги „лечиме“ викајќи им на најблиските, кои ги сакаме најмногу. А, се трудиме да бидеме пристојни кон некои не толку значајни луѓе, дури и кон оние што нè нервираат.

А не треба и не смееме да правиме така. Нашите најблиски не го заслужуваат тоа. Затоа следниот пат кога ќе се случи некој вообичаен „испад“, избројте до 10 и сетете се дека ништо не е поважно од вашите сакани!

Доколку сакате може да ги дознаете и 7-те суптилни знаци дека можеби сте зависни од стрес.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here