Зошто за децата се добри активностите во природа?

0
99


Прошетката во шума може да направи многу повеќе отколку што може да претпоставите. Истражувањата покажуваат дека времето поминато во природа е добро за физичкото и емоционалното здравје на децата.

Ова истражување покажува дека децата имаат огромна корист од редовниот контакт со природата. Овој контакт го подобрува менталното здравје на децата, нивната мотивација и самодовербата. Податоците, исто така укажуваат на тоа дека по искуствата во природата, тие ги подобриле односите со другите деца и учителките.

Студијата опфати повеќе од 450 училишта во Англија и тоа деца на возраст од 8 до 10 години, кои учествуваа во студијата која траеше неколку седмици.

Овие деца ги пополнуваа анкетите пред и откако учествуваа во активностите на отворено, а кои вклучуваа учење за природата и нејзиното влијае во животот на луѓето и генерално за живеалиштето на дивите животни.

Студијата откри дека 90 проценти од децата научиле нови работи за природата и генерално за своето опкружување, додека 79 проценти препознале дека ова искуство може да им помогне на училиште.

По овие активности во природата, 84 проценти сметаат дека се способни да прават нови работи, 79 проценти дека се чувствуваат посамоуверено, 81 процент дека имаат подобри односи со своите наставници, а 79 проценти подобри односи со другарчињата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here