Земјотрес со интензитет од 4,7 степени регистриран во Албанија

0
107


Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтер попладнево е регистриран во Албанија.

Потресот кој траел неколку секунди е почувствуван во 17:03 часот, со епицентар во Грдец, општина Вора, кај Тирана.

Земјотресот е почувствуван и во Драч, Лежа и Фуш Круја, а предизвикал вознемиреност кај жителите.

На 15 декември, по неколкудневно мирување на тлото, во Албанија беше регистриран земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала.

Земјотресот беше почувствуван во 2:20 часот на длабочина од десет километри, со епицентар на шест километри северно од Шијак и 22 километри западно од Тирана.

http://kajgana.com/

На 26 ноември се случи разорниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала, во кој животот го загубија 51 лице, а беше предизвикана огромна материјална штета, најмногу во Драч,Тирана и Туман.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here