Земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер го погоди југоисточниот дел на Турција и предизвика смрт на најмалку 14 лица, додека повеќе од 300 се повредени.
Европскиот медитерански сеизмолошки центар соопшти дека епицентарот на земјотресот се наоѓа во провинцијата Елазиг.
Земјотресот е почувствуван во Израел, но и во други земји како Сирија, Грузија, Либан и Ерменија, пишува RT.
Гувернерите на Елазиг и Малатја изјавија дека повеќе од 300 луѓе се повредени.
На социјалните мрежи се објавени видеа во кои се гледа рушење на згради и луѓе како плачат и бегаат.