Земјоделците со конкретни барања, тврдат дека протестот не е политички

0
96


Скопје, 26 октомври 2019 (МИА) – Производители на млеко, ориз, сточари, лозари, овоштари… денеска со мирен протест пред Владата го изразија револтот од актуелната аграрна политика. Уште еднаш ги повторија барањата за поголема поддршка и навремено исплаќање на субвенциите. Најавија и дека ако не им бидат исполнети, ќе излезат помасовно и ќе ги блокираат патиштата во регионите од кои доаѓаат.

Земјоделците уверуваа дека зад протестот не стои ниту една политичка партија. Рекоа дека маката ги обединила и организирала, со помош на социјалните мрежи. Сепак, во првиот ред на протестот заедно со нив беше Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Маката нѐ организираше, а не некаква политичка партија. Дојдени сме како земјоделци, сточари, да си ги бараме нашите права. Да не ни инпутира никој дека сме партиски тука. Тоа воопшто не е точно. Две години не ни е платено млекото. Дојдени сме затоа што двапати претходно во Битола имавме протест, но првиот пат бевме излажани, а вториот пат не бевме примени од Подрачната единица на Министерството за земјоделство. Бараме субвенциите да се исплаќаат како за тутунот, најдоцна во април, да бидат зголемени како во Србија или Грција затоа што досега сме немале зголемување ниту по литар, ниту по грло веќе неколку години. Се чувствуваме излажани од оваа Влада. Вчера ни пуштија субвенции за четири месеци, а ни должат за 22. Ако на некој му должат 22 плати, а му дадат четири, дали ќе биде задоволен?, рече Борче Кучински од Могила.

http://kajgana.com/

Според Драгољуб Данилов од Чешиново – Облешево, оризопроизводителите се принудени на протест затоа што 95 отсто од нив немаат пари за егзистенција, а власта изминатите три години воопшто не се грижи за нив.

– Дојдени сме на работ на егзистенција. Имаме конкретни барања до Владата: килограм оризова арпа да се откупува за најмалку 25–30 денари, а килограм бел ориз 50–60 денари. Го бараме тоа што ни беше ветено во изборната кампања. Сега оризовата арпа се откупува за 10–15 денари. Катастрофа, не можеме да преживееме. Бараме хектар оризова површина да биде 30.000 денари. Беше 12.000, пред три години ја симнаа на 6.000, а сега велат ќе ја зголемиме. Бараме и данокот од 2 отсто да ни се врати со завршувањето на секоја фискална година, а призот да се исплаќа во рок од 30 дена, изјави Данилов.

Тој се пожали и дека откупувачите ја диктираат цената. Лани им ветиле по 5 денари за килограм оризова арпа ако го предадат оризот до Нова Година, но дури сега им ги исплатиле количините, наместо до мај.

http://kajgana.com/

И престедателот на Здружението на сточари „Агроцентар“ од Велес, Митко Јанков, напомена дека протестот нема никаква политичка позадина. Во однос на состојбите во секторот, им порача на премиерот Заев и министерот Димковски да дојдат на планина и да видат како се чуваат овци, наместо да бараат, како што истакна, евтини производи.

Според него, сточарите се најмногу изманипулирани од големите фармери кои ги терале на ваков шптрајк, а потоа им го свртеле грбот.

„Без земјоделци нема држава“, „Родот заврши на буниште“, „Три години нѐ лажете“, беа само дел од транспарентите што можеа да се видат на денешниот протестен марш. Маршот почна околу 12.30 часот пред „Мавровка“, по што земјоделците се упатија накај Владата. На половина пат, спроти МНТ, ги пречека полициски кордон кој побара од нив да ги остави производите кои ги имаа донесено со нив. Тие, изреволтирани, ги расфрлаа јаболката, доматите, млекото и потоа заминаа кон Владата.

http://kajgana.com/

– Протестот културно го најавивме. Сакавме производите да ги рекламираме, но господата направија таква тензија што не можевме да ги задржиме земјоделците кои ги истурија и исфрлија на улица, рече Јанков.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here