Зеленскиј го повика Обединетото Кралство да се вклучи во истрагата за авионската несреќа во Техеран

0
106


Украинскиот претседател Володомир Зеленскиј денеска го повика Обединетото Кралство да се вклучи во истрагата за авионската несреќа на украинскиот авион во Иран, во која загинаа 176 лица.

Зеленскиј повикот го упати во текот на телефонскиот разговор со британскиот премиер Борис Џонсон, кој, како што соопшти канцеларијата на украинскиот претседател, ја прифатил оваа идеја.

„Претседателот на Украина го повика Обединетото Кралство да ѝ се приклучи на истрагата. Борис Џоснон ја поддржа идејата и истакна дека најдобрите британски експерти треба да учествуваат во расветлувањето на сите околности од трагедијата“, се наведува во соопштението на канцеларијата на Зеленскиј, пренесено од британските медиуми.

Според меѓународните воздухопловни правила, Иран е одговорен за спроведување на истрагата за падот на авионот.

Во несреќата загинаа и тројца британски државјани.

Во авионот што се урна во близина на аеродромот во Техеран се наоѓале 167 патници и членови на екипажот, а полетал кон Киев.

Во несреќата загинаа 82 државјани на Иран и 63 Канаѓани, како и државјани на Украина, Шведска, Авганистан и Германија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here