Здравата храна го намалува чувството на умор и ја подобрува концентрацијата

0
103


Кога сме уморни и исцрпени, а поради обврските мора да останеме будни и концентрирани, најчесто посегнуваме по блага или солена храна. Но, ново истражување укажува дека здравата храна може да ја поттикне концентрацијата и да го отстрани уморот.

Всушност, недоволното спиење и уморот влијаат на способноста на донесување одлуки, што резултира со носење одлука да се консумира брза ужинка. Резултатите од студијата се објавени во American Journal of Lifestyle Medicine.

Резултати од друга студија, објавена во Journal of Neuroscience, упатуваат на тоа дека личностите кои чувствуваат умор почесто посегнуваат по нездрава храна и трошат повеќе пари за купување на солени или благи грицки, пренесува Medical News Today.

Послабото функционирање на мозокот поради умор и исцрпност не резултира само со желба за шеќер туку за каква било храна полна со маснотии, заситени масти или соли. Кај многумина такво нешто се случува повремено, но кај луѓето кои вршат напорна работа која резултира со долгорочен умор, посегнувањето по нездрава храна може да стане вообичаено.

http://kajgana.com/

Според докторката Марјам Хамиди од Калифорнија, многу луѓе не се ни свесни во колкава мера здравата исхрана може да го намали чувството на умор. Со колегите од Стенфорд таа спроведе мини студија за тоа какво влијание има храната на нивото на ненаспиеност и умор. Научниците заклучиле дека консумирањето овошје и зеленчук помага исцрпениот мозок и организмот подобро да функционираат.

Таа смета дека работодавачите треба да им обезбедат здрава храна на вработените, како овошје, зеленчук, смути и здрави протеински ужинки или барем вработените во близина на работното место да можат да купат здрава храна. Со тоа би се зголемила концентрацијата, а би се намалило нивото на умор со што поквалитетно би се вршеле работните задачи.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here