Здолништа што можете да ги носите со патики и со високи потпетици

0
55


Здолништето е едно од омилените женски парчиња облека и може да се носи со патики, но и со потпетици во свечени или деловни пригоди. Бидејќи жените се практични суштества, потребни им се вакви модели на здолништа што можат да се носат со патики за опуштени комбинации, но и со високи потпетици во формални пригоди.

1. Здолниште од тул

Иако на некои им изгледа необично, здолништето од тул со должина до под коленaтa изгледа одлично со патики.

Секако, тоа е создадено за комбинирање со потпетици.

2. Тексасно здолниште

Во комбинација со патики е идеално за летните вечерни прошетки, за на концерти, за на кафе…

Со потпетици и убава кошула, комбинацијата е идеална за вечерно излегување.

3. Плисирано здолниште

Производителите најмногу го шијат ова здолниште со должина до под колената, што се покажа како полн погодок затоа што ако го комбинирате со спортски обувки, имате идеално решение за секоја пригода – од кафе со пријателите до одење на работа.

Од друга страна, плисираното здолниште и потпетиците се неверојатно елегантна комбинација.

4. Кожено здолниште

Парче облека што ќе трае со години и никогаш не излегува од мода. Исто како со здолништето од тул, може да изгледа како чудна комбинација, но всушност одлично се комбинира со патики.

Коженото здолниште во комбинација со потпетици може да биде многу ризичен потег, но исто така може да изгледа софистицирано и елегантно.

5. Раскроено здолниште

Нема попрактично парче облека за пролетта и за летото од раскроеното здолниште. Кога одите на прошетка или на работа, во комбинација со кошула и патики ќе изгледате романтично и убаво.

Ако вашата работа бара строга елеганција или за вечерно излегување, комбинирајте го здолништето со потпетици и со елегантна блуза за да добиете одлична комбинација.

Здолништа што можете да ги носите со патики и со високи потпетици

Погледнете кои се 10-те парчиња облека поради кои мажите не можат да ви одолеат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here