Зверев го среди Федерер и закажа полуфинале со Беретини

0
93


Втората полуфинална двојка на Мастерсот во Шангај е Зверев против Беретини откако денеска тие ги елиминираа Роџер Федерер и Доминик Тим.

По елиминацијата на Ѓоковиќ од страна на Циципас, сега падна и Роџер Федерер. Швајцарецот беше сопрен на патот кон финалето од страна на Германецот Алексадер Зверев кој победи со 2:1

Во првиот сет Зверев победи 6-3, потоа Федерер со брејк и 7-6 израмни, но во третиот сет Германецот беше фуриозен добивајќи го повторно со 6-3.

Италијанецот Фабио Беретини го изненади петтиот носител, Австриецот Доминик Тим. Со 7-6 и 6-4 Беретини победи 2:0 и обезбеди полуфинале во Шангај.

Во првото полуфинале ќе се сретнат Циципас и Медведев, додека во второто Зверев и Беретини. Двата натпревара се играат утре.

http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here