За палење знаме во Германија ќе се оди во затвор

0
53


Германија донесе закон јавното палење на било чие знаме да биде казниво дело со максимум 3 години затвор, водејќи го како криминално дело сторено од омраза.

Синоќа во Бундестагот беше изгласан законот со кој палењето на било кое официјално знаме ќе се казнува исто како и според законот кој важеше досега, но го вклучуваше само државното знаме на Германија.

Оваа иницијатива ја покрена социјалдемократската SPD откако во 2017 во Берлин беше запалено знамето на Израел.

Министерката за правда, Кристине Ламбрехт, член на SPD, рече дека „јавното палење на знамињата нема никаква допирна точка со мирното протестирање. Тоа само носи зголемување на омразата, гневот и агресијата и ги повредува чувствата на луѓето“.

Новиот закон за кривично дело подразбира не само палење, туку и било каков друг начин на јавно сквернавење на знаме, како на пример кинење. Јавното истакнување на нацистичката свастика и било каков друг нацистички симбол веќе одамна е забранет во Германија.

Крајната-десница AfD го осуди новиот закон опишувајќи го како „претерано мешање во слободниот говор и уметничкото искажување“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here