Затворен Лондонскиот мост, повеќе лица повредени при напад со нож

0
126


Лондон, 29 ноември 2019 (МИА) – Британската полиција соопшти денеска дека привела човек кој со нож нападнал луѓе во близина на Лондонскиот мост.

Според британските медиуми, има повредени лица во нападот и биле регистрирани и два истрела. Полицијата го запре движењето по мостот.

Здравствените власти во градот прогласија „голем инцидент“.

Познатиот Лондонски мост беше затворен откако граѓани пријавиле дека слушнале пукање, соопшти полицијата.

На Twitter полицијата објави дека службеници се занимаваат со инцидентот на мостот на реката Темза по пријавеното пукање.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here