Заев за „Рекет“: Видеото и четири разговори беа доволни да пријавам

0
123


Скопје, 28 декември 2019 (МИА) – Премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ рече дека на 22 април го пријавил тоа што го видел, односно она што беше објавено од Орце Камчев и од него предадено на Јавното обвинителство – видео на кое не се гледа Катица Јанева, туку комуникација меѓу Боки 13 и Орце.

-Не можете никој да го обвините претходно, на крајот истрагата ги отвори моментите, па дојдовме до денешната состојба на перцепција кој каде бил и каде постои индиција и можност да биде одговорен, рече Заев.

Додаде дека не се водел воопшто никого да чува и да скрие и дека прва должност му била да пријави.

-Ми беа презентирани видеото и четири разговори кои се доволен основ. Сите треба да бидат еднакви пред законот, секој што има индиции треба да биде сериозно истражен заради тоа што само така сме и нормална земја, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања по прес-конференцијата на која соопшти дека Оливер Спасовски ќе биде технички премиер во преодната влада. 





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here