Загриженост во ЕУ и Лондон поради одлуката на Иран за нуклеарниот договор

0
116


Иранските власти синоќа соопштија дека повеќе нема да ги исполнуваат ограничувања од нуклеарниот договор од 2015 година со големите сили. Одлуката уследи откако иранскиот генерал Касим Сулејмани беше убиен во американски воздушен напад во Багдад во петокот.

Шефот на Европската дипломатија Жозеп Борел денеска изрази длабоко жалење поради одлуката на Иран да укине какво било ограничување за збогатување ураниум, како што е предвидено во договорот од 2015 година.

– Целосната имплементација на договорот за (иранската) нуклеарна програма е поважна за сите нас сега од кога било, за регионалната стабилност и светската безбедност, објави Борел на Twitter.

Тензиите меѓу Вашингтон и Техеран се зголемени откако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи пред повеќе од една година да го напушти меѓународниот нуклеарен договор меѓу Иран и шест големи сили склучен во 2015 година.

– Соопштението на Иран дека повеќе нема да се придржува кон ограничувањата за збогатување на ураниум е загрижувачко и се водат итни разговори меѓу Обединетото Кралство и заинтересираните страни за следните чекори, изјави денеска портпаролот на британскиот премиер Борис Џонсон.

По повод заканите од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека ќе нападне 52 цели во Иран, вклучително и места значајни за иранската култура, доколку Техеран ги напаѓа Американците или американскиот имот, на сила се меѓународни конвенции за да се спречи уништувањето на културното наследство.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here