Заврши полусезоната во кошаркарската Прва лига

0
81


Еуро Никел ја прекина серијата победи на Пелистер, додека на врвот нема промени, МЗТ ќе презими прв пред Гостивар.

Битолски Пелистер за малку ќе ја продолжеше победничката серија која траеше три натпревари. Откако и по четвртата четвртина немаше победник, гостинскиот тим на Еуро Никел успеа да слави победа во продолжението. Кавадарчани постигнаа 10 поени во продолжението, за разлика од битолчани кои дадоа само 4. Антон Казарновски со 31 поен беше најефикасен на натпреварот, но ни тоа не беше доволно за Пелистер да слави. Кај кавадарчани 23 поени даде Ѓорѓе Каплановиќ.

Лидерот МЗТ очекувано извојува победа против нивната втора екипа, односно МЗТ 2 и со тоа ја задржа предноста од еден поен над Гостивар и Еуро Никел. Гостиварчани немаа проблеми со Работнички.

Резултати:

Гостивар – Работнички 93:79

МЗТ 2 – МЗТ 80:93

Кожув – Вардар 87:65

Куманово – Академија ФМП 97:71

Пелистер – Еуро Никел 82:88

Табела:
http://kajgana.com/





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here