Забрането сушење алишта во јавност и други митови за ЕУ

0
110


Забраната од Европската Унија за сушење алишта во јавност е еден од петте најголеми митови поврзани со законите на ЕУ годинава, соопшти Европската комисија.

Неколку хрватски градови сериозно го протолкуваа овој урбан мит, па дури и навистина воведоа забрани за сушење алишта на отворено пред куќите и зградите.

Покрај забуната во Хрватска, интересна е приказната од Финска дека ЕУ го забранила фудбалот, како и онаа од Австрија дека поради правилата на ЕУ телото на покојниот возач на Формула 1 Ники Лауда мора да биде ексхумирано. Во Чешка владееше митот дека ЕУ забранува одредени видови ножеви за да не можат граѓаните да собираат печурки, а во Белгија кружеше приказната дека ЕУ ги ограничува големините на градниците.

Смешно или не, сите овие приказни предизвикаа силни реакции кај граѓаните на земјите во кои кружеа, па и пошироко.

Сепак, една од нив се издвојува. Додека другите беа конструкција на (не)намерно погрешно толкување на некои одредби од страна на медиумите, онаа во Хрватска се појави на службено ниво, од локалните власти.

Во август, на островите Шолта и Млет, во Риека и Пула и некои други места беше донесена одлука за комунален ред со која се забранува сушење на алиштата во јавност, со казни до 68 евра.

Лажните предупредувања, како она дека со влез во ЕУ ќе се забрани производство на сирење и павлака, се смета дека беа политички средства за лобирање против Унијата.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here