Жоржињо: Младоста не е изговор, ни треба цврстина

0
116


Играчот на Челси бара од соиграчите да престанат да бидат меки на теренот за тимот да заигра онака како што умее и да почне да победува почесто.

„Во Челси премногу се зборува за тоа колку сме млади, млади, млади и млади, но се наоѓаме на средина од сезоната и секој играч мора да преземе одговорност“, вели Италијанецот со потекло од Бразил.

„Не само постарите играчи. Се разбира, на младите им треба поголема помош, но младоста не е изговор, едноставно мора да се биде на готовс, подготвени за натпревар, за борба бидејќи играме за Челси во Премиер лигата и тоа е тоа“.

Челси на Боксинг деј го совлада градскиот ривал Арсена и на гости со 2:1, но тимот нема константност. Лесно губи натпревари особено на домашен терен.

„Победата над Арсенал беше многу важна за нас. Тешко е да се победи на гости, особено кога се работи за дерби па затоа и се чувствувате лудо. Но, сега мора да го промениме начинот на размислување и да победуваме и дома бидејќи губиме премногу бодови“.

Сезонава Челси дома од 10 натпревари победи само на 4, исто толку пати загуби и тоа од Вестр Хем, Борнмут, Саутемптон и Ливерпул, а двапати одигра нерешено.

„Не се бориме доволно. Не знам зошто ама премногу сме меки. Понекогаш излегуваме на терен и веднаш ни е јасно дека ни треба повеќе цврстина, а не го правиме тоа. Не знам зошто“, заврши специјалистот за пенали.

Жоржињо е роден во Бразил, но настапува за Италија бидејќи по таткова страна е Италијанец со потекло од Венеција. Од 15-годишна возраст играше во Италија за Верона, Самбонифачезе и Наполи од каде во 2018 замина на Островот.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here