• Дома
  • Вести
More

    Жители на Трубарево осомничени за разбојништво врз мигранти

    Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје донел наредба за отпочнување на кривична истрага за пет лица, за кривично дело разбојништво.
    Според обвинителството сега осомничените, во петокот, во скопското село Трубарево, со употреба на сила нападнале врз животот и телото на двајца мигранти од Пакистан. Тие ги забележале мигрантите и им понудиле да ги превезат до граничниот премин Табановце за 200 евра. Откако оштетените се согласиле со сумата, ги намамиле и ги однеле во затемнетиот дел на една од блиските ниви каде со употреба на физичка сила ги совладале и им одзеле пари и други подвижни предмети во вкупна вредност од 75.000 денари.
    Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за петте осомничени лица.

    Recent Articles

    Судскиот совет го разреши Јово Вангеловски

    Судскиот совет на денешната седница го разреши претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски од функцијата. Одлуката за разрешување од позицијата во највисокиот суд и судија...

    Ова се новите цени на горивата

    Регулаторна ги објави новите цени на горивата – цената на 95-октанскиот бензин се намалува за половина денар, додека цената на дизелот се зголемува за...

    Заев: Легитимно е да се бара, но сега има поважни работи од избори

    Премерот Зоран Заев очекува на вечерашната лидерска средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да биде покажана одговорност и да се направи обид за...

    Обвинителството бара 12 години затвор за поранешниот албански прв полицаец

    Обвинителството за тешки кривични дела побара 12 години затвор за поранешниот министер за внатрешни работи Саимир Тахири. Поради согласнот на судот за скратена судска постапка...

    Ce*c исповед на студентка од Белград

    “Се доселив во таа зграда на 19 години, кога започнав да студирам. Не помина многу, запознав неколку комшии и нешто се случи во тоалетот,...

    Related Stories

    Stay on op - Ge the daily news in your inbox