Животот во Швајцарија е најскап, Македонија меѓу најевтините земји

0
96


Швајцарија е земја во која најскапо се живее, а по неа следат Норвешка и Исланд, покажува листата на магазинот CEOWORLD. Меѓу првите десет исто така се Данска и Луксембург, па следат Јапонија, Бахамите, Израел, Сингапур и Јужна Кореја.

Во одредувањето на редоследот земени се во обѕир цените на намирниците, облеката, такси превозот, интернетот, градскиот превоз, оброците во рестораните, станарината и слично.

Како мерило, во CEOWORLD се земени цените во Њујорк, познат по скапиот живот и му дале индекс 100, а се покажало дека животот од оној во Њујорк е поскап единствено во Швајцарија, Норвешка и во Исланд.

Во Швајцарија се највисоки цените на намирниците и оброците во рестораните, додека по цена за станарина се најде на четвртото место.

Од вкупно 132 земји на оваа листа, Македонија се најде на 113 место, пред Косово кое е на 124 место. Од земјите на поранешна Југославија на листата се најдоа: Словенија на 47 место, Хрватска на 53 место, Црна Гора на 90 место, БиХ на 96 место, Србија на 98 место.

Од останатите земји Ирска е на 13 место, Франција на 14, САД на 20, Австрија на 21, Италија на 28 место. Кина е на 80 место, додека Русија е на 82 место.

Земји кои се на дното на листата, односно кои се најевтини за живеење се Киргистан, Узбекистан, Сирија, Индија, Авганистан и Пакистан.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here