Живеењето со родителите и не е така лоша идеја

0
116


Ако сте возрасна личност и уште живеете со родителите, нема причина да се срамите од тоа.

Во кинеската култура, на пример, кога младите и старите имаат можност да живеат под ист покрив тоа се смета за среќа и радост за семејството. Ова е став што можеби западните општества треба сериозно да го разгледаат, па можеби и да го прифатат.

http://kajgana.com/

Младите од генерацијата милениумци во речиси сите развиени земји или се враќаат да живеат дома со родителите или никогаш воопшто не заминале од дома.

http://kajgana.com/

Ова е тренд што отстапува од досегашните норми во западното општество што подразбираа дека кога ќе завршите средно образование или факултет треба да се осамостоите и да заминете од родителскиот дом.

Според истражување на Pew Research, 36 од милениумците во САД живеат со родителите, што е зголемување од 32 отсто од пред почетокот на глобалната финансиска криза.

http://kajgana.com/

Економистите имаат низа објаснувања за оваа појава, од влијанието на економската криза до пукањето на „балонот“ во секторот за недвижнини во Европа и САД, како и новиот стил на живеење и подемот на работни места што не нудат редовно вработување.

Некои сметаат дека проблемот е од структурна природа. Некои сметаат дека ова не е проблем.

http://kajgana.com/

Во изминатите две децении, родителите во развиените западни општества ги поттикнуваа децата да станат независни и да се отселат од дома што е можно побрзо по стекнувањето полнолетство.

Долго време нѐ убедуваа дека е „жив срам“ уште да живееш со родителите во 20-тите и 30-тите, а за понатаму и да не зборуваме. Уште поголем беше „срамот“ ако се вратиш во родителскиот дом откако еднаш си се осамостоил.

http://kajgana.com/

Меѓутоа, живеењето во заедница со родителите не е така лоша идеја, но само ако во таа заедница сите сте поставени како возрасни единки кои даваат свој придонес. Во кинеската култура живеењето на повеќе генерации во еден дом се смета за вистински благослов бидејќи се живее поекономично, но и се зацврстуваат семејните врски и се пренесуваат семејните традиции.

Затоа, пред да прогласите независност и самостојност, разгледајте ги сите опции и одберете го она што е најдобро за вас и вашето семејство, а не она што го налагаат актуелните општесствени норми.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here