Жените треба да излегуваат со пријателките двапати неделно за да имаат подобро здравје

0
50
loading...

[ad_1]

Студијата е направена од група истражувачи на Универзитетот во Оксфорд. Истражувањето ги откри неопходните чекори што треба да ги преземе една жена за да биде среќа во сите аспекти на нејзиниот живот. Студијата открила дека основно е жените да се чувствуваат слободни за да излегуваат со своите пријателки најмалку двапати неделно.

Робин Данмар, психолог и одговорен за истражувањето, во интервју за „The Vancouver Sun вели дека општото здравје на жените се подобрува кога се среќаваат со најдобрите пријателки двапати неделно и на тие средби прават различни нешта, меѓу кои, пиење пиво, озборување и разговарање за нивните ривали (ова им е омилено). На овој начин тие се социјализираат, пијат и се смеат заедно.

Меѓу бенефитите по здравјето доколку практикувате вакви излегувања се побрзо закрепнување од болест, посилен имунолошки систем, намалена анксиозност,  зголемена великодушност, што прави жените да се чувствуваат подобро во целост.  Исто така, истражувачите забележале дека само 2 од 5 жени излегуваат со пријателките еднаш неделно, а некои и многу поретко ако имаат семејства за кои треба да се грижат.

loading...

Истражувањето се фокусирало и на квалитетот на интеракцијата меѓу пријателките, според времето поминато надвор и бројот на луѓе. Во просек, жените издвојуваат помалку од половина од своето време за негување на тие пријателства. Понатаму, истражувачите дознале дека жените најдобро комуницираат преку смешни и зајадливи коментари, шеги и разговор за работи кои ги засмеваат, но бројот на луѓе во групата е исто така битен фактор.

Смеењето во помали групи е позастапено, но кога на средбата има повеќе од пет жени, веројатноста за заразно смеење и покачен ендорфин е помала. Поради оваа причина, се препорачува да се среќавате во група од максимум четири пријателки.

„Истражувањата покажуваат дека жените, веројатно повеќе од мажите, треба да ги одржуваат овие врски. Тие го зголемуваат серотонинот и окситоцинот, хормонот на сврзување“, вели Алиса Руби Баш. Студиите во Стенфорд се чини дека го потврдуваат ова, како и студијата на УЦЛА која покажува дека во време на стрес, жените ослободуваат окситоцин. Овој хормонален бран може да ги принуди жените да ги заштитат своите деца (ако ги имаат), но исто така и да се поврзат со други жени.

Одржувањето на овие врски станува уште поважно додека старееме, според д-р Баш, „Ние стануваме покомплексни личности, со повеќе одговорности, тоа нè прави да се чувствуваме негувани и ценети“.

Жените имаат многу стресни животи и понекогаш се чувствуваат виновни за времето поминати надвор од домот и од семејството. Реалноста е, ние треба да имаме време за нас самите. Не е поентата во самото излегување и во испивањето на неколку пијалоци. Тоа е повеќе начин да излезете од секојдневната рутина, да се опуштите и да се сретнете со блиските пријателки лице в лице. Мислам дека на сите ни треба малку од тоа секоја недела за да се чувствуваме подобро, и оваа студија е доказ за тоа!

Тие средби не регенерираат. Застанете и размислете кога последен пат сте излегле со најдобрите пријателки?

Фото: Pixabey

[ad_2]

Source link

loading...