Жаре Бербер заврши во болница – „Не е корона, 2-3 ребра се скршени“

0
48


Познатиот пејач, скопски забавувач и екс-водител Жарко Богатинов, в0о јавноста познат како Жаре- Бербер е хоспитализиран во болница, објавија пред некој ден повеќе медиуми. Тој  ја потврдил оваа вест преку порака и информирал дека не се работи за коронавирус, туку за физичка телесна повреда, со потешки последици меѓу кои и  неколку скршени ребра.

„Корона не е. Од рендгенот знам дека 2-3 ребра се скршени, за друго ќе видиме. Да се опоравам, за неколку денови ќе ви ги раскажам деталите“  – рекол Жаре-Бербер.

Сепак тој за Вистина.мк ја открил вистинската причина за повредата.

Кажал дека со повррееди се здобил одејќи по риба во струшко, покрај еден маркет. Паднал во дупка, односно незаштитен и непокриен, бетонски длабок канал.

„Каналот отворен и длабок, како оној за автомобили, притоа незаштитен, а времето на стемнување… Мало невнимание, ногата во празно и… Се најдов во бетонскиот канал! Пад со тешки последици… неколку скршени ребра, набиеници и модринки по целото тело со голем хематом од 40 сантиметри кај слезината и уште еден на градите, голем колку тениско топче“ – раскажал пејачот за Вистина.мк.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here