ЕУ ја намалува претпристапната помош за Турција за 75 проценти

0
97


Брисел, 18 јануари 2020 (МИА) – Европска Унија годинава ќе ја намали претпристапната помош за Турција за 75 проценти поради неовластеното турско истражување на нафта и гас во територијалните води на Кипар и поради турската воена офанзива во Сирија што почна во октомври.

Намалувањето на средствата не се однесуваат на сумата што ЕУ ѝ ја исплаќа на Турција за згрижување на бегалците.

Претходно, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел испрати писмо до Европскиот парламент во кое се наведува дека ЕУ одлучила Турција годинава да добие само 168 милиони евра од ИПА фондовите, што е за 75 отсто помалку средства во споредба со минатата година.

Од тие средства, 150 милиони евра се наменети за зајакнување на демократијата и владеење на правото, а останатите 18 милиони се за рурален развој.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here