ЕУ за првпат авторизира инсект како прехранбен производ

0
3


Земјите-членки на ЕУ одобрија препорака на Европската комисија да се авторизира употребата на сушени брашнени црви како прехранбен производ во Унијата.

Ова е првпат во историја Агенцијата за безбедност во исхраната на ЕУ да дозволи употреба на инсект на европскиот пазар, јави дописничката на МИА од Брисел.

Како што објаснуваат од Европската Комисија, овие црви се користат како ужина или како состојка во други прехранбени производи како протеински прашок или бисквити.

Согласно новата стратегија на Европската Унија за реформа на земјоделството и исхраната, инсектите се сметаат за квалитетен извор на протеини кои имаат важна улога во транзицијата кон поодржлив систем на исхрана во Европа.

Според Обединетите Нации, инсектите се здрав извор на исхрана со големи количини на протеини, влакна, витамини и минерали, меѓу другото.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here