Есенски бои кои никогаш нема да излезат од мода

0
102


Како што поминува есента, така сè повеќе комбинираме бои во природни, земјени бои кои покрај тоа што се класика, оваа година се и во тренд. Од темно кафена до крем бела, погледнете кои се нијансите кои никогаш нема да излезат од мода за време на есента.

Чоколадо

Темно кафената боја е идеална за зимските месеци, но овој пат таа се издвојува и во есенските колекции. Таа доминира на светските модни писти како и во уличната мода, каде што можете да видите многу џемпери и волнени капути во оваа нијанса. Но дефинитивно најинтересни се темнокафените панталони, кожните фустани и капутите во таа боја.

Карамела

Оваа боја без сомнение е бојата што ја отсликува оваа есен. Трендот започна со чизми во таа боја, а продолжува со блејзери и здолништа. Покрај тоа што е модерна и елегантна, таа исто така е и безверменска и класична. Затоа ако сè уште ја немате во својот гардеробер, време е да инвестирате во неа.

Ванила

Станува збор за бојата која е многу сестрана и лесна за комбинирање. Убаво изгледа на секоја жена, особено кога се комбинира со беж нијанси, од глава до пета. Со неа без сомнение нема да згрешите. Ако повеќе сакате светли тонови, можете да носите и посветли нијанси кои убаво се совпаѓаат со другите кафени бои, правејќи го целиот аутфит „полесен“.

Монохроматскиот тренд ја освојува есента: Дури ни најпознатите дами не можат да му одолеат!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here