Ерупција на вулканот Попокатепетел во Мексико

0
104


Мексиканскиот Национален центар за спречување на природни катастрофи Cenapred информира за ерупција на најголемиот вулкан Попокатепетел.

Столбот од пепел што се кренал достигнал височина од три километри, јавуваат агенциите.

„Во 6:33 часот беше регистрирана експлозија со умерена содржина на пепел. Ѕидот од чад и пепел во воздухот достигна височина од три километри во правец кон североисток. Прогласено е жолто ниво на опасност или фаза два.

Cenapred преку соопштение на Twitter препорача луѓето да не се доближуваат до вулканот. Властите забранија приближување до кратерот на вулканот на помалку од 12 километри.

„Жолтото ниво” на опасност не вклучува евакуација или прекин на активностите во реонот на вулканот.

Попокатепетел, чие име преведено од јазикот на Ацтеките значи „Планина што чади”, се наоѓа на 50 километри од главниот град Мексико Сити.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here