Еротски хороскоп за февруари

0
119


Во текот на февруари ќе има многу возбуда, акција и страст меѓу сите хороскопски знаци. Некои ги очекуваат страсни моменти во кревет, други во автомобил, а има и такви што ќе ги покажат своите страсти пред јавноста. Во продолжение прочитајте каде и кога ќе бидете погодени од еротските стрели.

Овен

Нешто ќе ве тера на акција. Постои можност за силни страсти на работното место, како и за искри со колега од работа или со некој што го познавате преку работа. Вам ви е нагласен аспектот на тензичен интензитет, па може да влезете во шема со некој што ви е надреден.


Бик

Ве очекува акција на скриени места. Може да очекувате секс додека патување, во природа, настрана од очите на јавноста или едноставно на некое скриено место. Иако оваа идеја можеби ви звучи лудо, немојте да размислувате премногу – никој нема да ве открие или да ве види.

Близнаци

Можеби ќе завршите во креветот на некој пријател или познајник. Вам ви е нагласена способноста за сексуално приближување преку пријателствата. Затоа, ако некој од вашите привлечни пријатели ве покани на кафе, можеби ќе завршите на истата маса каде што се наоѓаат шолјите со кафе.

Рак

Еротиката ви е нагласена, а еротските аспекти укажуваат на тоа дека голем број Ракови имаат многу силна хемија со некој што им е надреден. Можеби ќе завршите во прегратката на вашиот шеф или ментор. Ќе бидете поканети во неговата канцеларијата, а работите може да се одвиваат малку пострасно отколку што очекувате. Бидете сигурни дека колегите не ве гледаат.

Лав

Ќе бидете привлечени од личност со која често се среќавате, но порано не сте обрнувале внимание на нејзината изразена сексуалност. Токму таа личност може да ви предложи необично место за секс или групен секс. Изборот е ваш.

Девица

Во февруари може да имате сексуални односи со некој од вашето минато. Тоа може да биде поранешно момче или некој со кого сте имале квалитетен секс. Ќе почувствувате привлечност и од некоја личност што има врска со пари, односно работи со пари, а од таквата енергија ќе се кршат кревети.

Вага

Ви претстои зголемен сексуален нагон низ јавни места, на еминентни настани или на важни случувања за вашето семејство. Можеби на некоја семејна прослава ќе се појави личност што не сте ја виделе порано, но на тој секс ќе се сеќавате долго време. Не внесувајте емоции во вашите сексуални активности затоа што може да бидете повредени.

Скорпија

Ве очекува многу добар период за секс и големи се шансите да се најдете во постелата на некој од вашето опкружување. Можеби некој од соседството или некој што го гледате долго време.

Стрелец

Еротски стрели ќе бидат фрлени кон вас од некој што ќе го сретнете во кафуле, во кафеана или на некој музички или спортски настан. Чувајте се од несакана бременост и од сексуално преносливи болести.

Јарец

Вам ви се нагласени еротските случувања низ домот. Можеби станува збор за некој што доаѓа во вашата куќа или некој што ќе дојде само еднаш. Токму таа личност ќе ве соблече со насмевка.

Водолија

Секогаш различни, така што ви претстои можност да имате секс во превозно средство. Ќе бидете изненадени и воодушевени од личноста што ја превезувате или од личноста што ве превезува. Уживајте.

Риби

Ќе бидете фатени во мрежата на доминантна личност која ќе ве заведе на еротски начин. Ве очекува возбудлив сексуален живот, жешка акција во лифт или покрај вода. Базените и сауните се исто така вклучени, па очекувајте подобри сцени од оние прикажани во порно филмовите.

Прочитајте кои 4 хороскопски знаци лудо ќе се вљубат оваа година.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here