Ердоган: Светските сили не треба да се мешаат во конфликтот во Нагорно-Карабах

0
4


Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган се спротистави на мешањето на САД, Русија и Франција во судирот во Нагорно-Карабах, откако лидерите на тие земји ги повикаа Ереван и Баку да ги продолжат преговорите.

– Со оглед на тоа дека САД, Русија и Франција го занемаруваа овој проблем речиси 30 години, не е прифатливо да учествуваат во напорите за постигнување на прекин на огнот, истакна Ердоган.

Тој додаде дека трајно примирје е можно само ако „ерменските окупатори“ се повлечат од Нагорно-Карабах.

Претседателите на САД, Русија и Франција, Доналд Трамп, Владимир Путин и Емануел Макрон денеска упатија апел Ерменија и Азербејџан да ги продолжат разговорите за Нагорно-Карабах без условување.

– Ги повикуваме лидерите на Ерменија и на Азербејџан да ги продолжат преговорите без условување, во добар дух и под покровителство на копретседавачките групи на ОБСЕ од Минск, се наведува во заедничкото соопштение





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here