Енис Барди: Поголема мотивација од тоа што сме тука, нема

0
96


КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

За фудбалерот на Леванте секој повик во дресот со националните бои претставува задоволство, а против Австрија посакува одмазда за поразот во Скопје.

„Најпрвин, поголема мотивација од тоа што сме тука, нема. Ние сме професионалци и играме за да бидеме подобри, а оваа година беше добра за нас, направивме одлични работи и овие два натпревара можат да ни помогнат да одиме напред. Дуелите кои ни следуваат ни значат многу. Сѐ уште имаме една шанса да одиме на ЕУРО 2020, а тоа е преку Лигата на нации. Мора да бидеме сконцентрирани и да дадеме максимум, а нашата цел е пласман на Европското првенство“, ФФМ ја пренесува изјавата на Барди.

Еднис ги одигра сите 90 минути на тој јунски натпревар кога Австрија премногу лесно дојде до висока победа среде Скопје.

„Треба да влеземе на мечот со најголема концентрација и да дадеме сè од себе како во секој натпревар. Јас мислам дека поразот во Скопје од Австрија беше лош ден за нас, направивме многу грешки. Мислам дека сега сме попаметни и ќе бидеме поконцентрирани. Многу е тешко да се игра против Австрија на нивни терен, тие се силни физички, но оваа наша селекција има многу добри играчи и сметам дека дуелот во Виена ќе биде уште поголема мотивација, зашто тие победија со 4:1 во Скопје, нешто што долго време нема направено ниту една репрезентација“, заврши играчот од средниот ред.

Австрија ја пречекува Мкаедонија в сабота од 20.45 часот на „Ернст Хапел“ стадионот во Виена.

Фудбал



Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here