Емотивно збогување на Марио Манџукиќ од Јувентус

0
125


Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ напиша проштално писмо до навивачите и членовите на Јувентус со кое се збогува од италијанскиот клуб по четири и пол години игра за „Старата дама“.

Манџукиќ пред сѐ се заблагодари на тренерот Масимилијано Алегри и на директорот Џузепе Марота кои му дале шанса да игра за овој клуб.

„Невозможно е да напишам проштално писмо по четири и пол години, но се надевам дека ја видовте мојата страст кон клубот и екипата во секој натпревар што го одиграв за Јувентус. Огромно благодарам до господата Алегри и Марота кои посакаа да дојдам во Торино, беше привилегија да се игра за овој клуб и изминатите неколку месеци нема да ги сменат почитта и љубовта што ги чувствувам“, напиша Манџукиќ, алудирајќи на тоа дека не доби простор за игра под новиот тренер Маурицио Сари.

Потоа 33-годишниот Манџукиќ се заблагодари на целиот персонал што работи за Јувентус, а особено на навивачите кои секогаш го ценеле поради неговиот борбен дух.

„Сакам да им се заблагодарам на сите соиграчи што ги имав низ сезоните, навистина уживав во секоја битка со вас и освоивме многу. Нема никогаш да ги заборавам сите победи и трофеи, резултатите од нашиот квалитет и напорна работа и тимски дух. Огромно благодарам до стручниот штаб кој својата работа ја работи зад кулисите – на тренерите, лекарите и физиотерапевтите, како и на останатите вработени кои се грижат играчите на Јувентус да работат во најдобри можни услови и да бидат успешни.

На крај, огромно благодарам до сите прекрасни навивачи кои се вистинската причина зошто клубот е толку голем и успешен. Навистина сум благодарен за поддршката што ми ја покажавте од првиот ден, а за крај сакам да кажам дека секогаш сум давал сѐ за бјанконерите. Ви посакувам многу среќа и успех, а за мене време е за ново поглавје. Засекогаш ваш, Марио“, напиша Манџукиќ.

Манџукиќ за Јувентус одигра 117 натпревари и постигна 30 голови.

Од вчера, тој е играч на катарски Ал-Духаил.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here