Електричен скутер кој се полни додека “трчате” на него

0
34


За разлика од електричните скутери на литиумска батерија што се полнат на класичен начин, ROLO оди чекор подалеку и нуди можност за полнење директно преку соларни панели инсталирани на предниот дел од возилото, додека „трчате“ на него.

Ова возило на четири тркала има вградена подвижна лента за брзо одење, што придонесува за полнење на батериите и со тоа го поддржува неговото движење по улиците, но и вашата форма.


Дизајниран е од Алехандро Оталора од студиото „OneBot Design“ со седиште во Калифорнија, а неговата желба беше да создаде возило на иднината што ќе се грижи за околината.

ROLO засега е само идеја. Тој би бил наменет за изнајмување преку мобилна апликација, би имал вградена навигација за најбрзо пристигнување од точката А до точката Б и однапред би ја покажал цената на возењето во зависност од растојанието и состојбата на батеријата.

Прочитајте кои се најголемите митови за Инстаграм.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here