Екс-сопругот на Северина секој ден со нов „удар“: Игор пред детето ми се закануваше и ме навредуваше

0
109


Сигурно е дека Милан Поповиќ (54) ќе поднесе пријава против Игор Којиќ (32), по вербалениот инцидент во четвртокот, 28-ми ноември.

Поточно, Игор заедно со Северина дошол во куќата на Милан за да го предаде детето на неговиот татко, синот Александар (7), а на прашањето дали е вистина дека Игор го навредувал и му се заканувал, Поповиќ за српските медиуми вели:

– Да, точно е и јас имам намера да барам заштита од вакво дивјачко однесување, особено затоа што сè се случуваше пред детето – изјави Милан за српски Телеграф.

Милан потсети дека Северина со години не разговарала, дури ни пред синот, што би било корисно за доброто на детето.

– Во интерес на детето е родителите да комуницираат. Ако ги следите советите на експертот, таа минимална комуникација на разведените родители при примопредавањето е најголема среќа за децата чии родители се разведени. И, секако ќе охрабрувам и ќе се обидам да ја воспоставам барем таа минимална комуникација кога ние, како двајцата родители, сме во тој момент покрај нашето дете. На Северина и останува да го прифати или да не го прифати, досега тоа не го прифати и се надевам дека ќе се промени наскоро затоа што тоа ќе го израдува нашето дете – изјави Милан за „Блиц“.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here