Експеримент: Колку лесно може да се рашири инфекцијата преку контакт­?

0
45


Во пракса, сите досега требаше да разбереме зошто миењето на раце, носењето маски и одржувањето дистанца се важни во време на пандемија. Но, ништо не ја доловува реалната слика толку ефективно како демонстрацијата за тоа колку лесно може да се заразите при контакт со заболен.

Јапонската новинска мрежа NHK ова го презентира во видео кое стана вирално на интернет.

Во соработка со експерти за заразни болести од Медицинскиот Универзитет во Кавасаки, NHK направи интересен експеримент. Од десет луѓе во ресторан, еден е заразен со коронавирус, a на рацете има флуоресцентна боја која не е видлива на дневна светлина, како симулација за кашлица во неговата рака. Значи, во една просторија седат 10 луѓе и еден „заразен“. Седат на иста маса и јадат со заеднички прибор. По половина час се гаснат светлата, а под ултравиолетова светлина се гледа каде сè завршила флуоресцентната боја на човекот кој глумеше дека е заразен.

Како што може да видите од видеото, „инфекцијата“ ја има насекаде. Бојата е раширена низ рацете на сите учесници во експериментот, а кај тројца ја има и на лицето.

Оваа едноставна демонстрација покажува колку лесно може патогените да се рашират преку контакт и заразени површини.

NHK направиле и втор експеримент со поинаква верзија. Овој пат сите јаделе од одделни садови, различни чинии, со различен прибор за јадење и учесниците често ги бришеле рацете и одржувале хигиена. Резултатите биле сосема поинакви овој пат, флуоресцентната боја не завршила кај никој од учесниците, пренесува Science Alert.

Видеото го сподели и познатиот белгиски виролог Марк Ван Ранст на Twitter.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here