Едноставно и вкусно предјадење: Мафини со тиквички

0
49


Сезоната на тиквички е во полн ек. Искористете го овој здрав зеленчук за новото, летно мени.

Потребни состојки:

  • 2 тиквички
  • 10 лажици брашно
  • 1 лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици гриз
  • 2 лажици масло
  • 50 грама ситно сечкани пиперки
  • 2 јајца
  • 60 грама кашкавал
  • малку магдонос

Начин на подготовка:

Изрендајте ги тиквичките, посолете, додајте ги јајцата и измешајте ја смесата. Потоа, додајте ги маслото, пиперките и кашкавалот и продолжете да мешате. Додајте ги содата бикарбона, гризот и брашното и соединета ја смесата. На крајот, додајте го магдоносот. Распоредете ја смесата во калап за мафини и печете 20 минути на температура од 200 °С. Откако мафините ќе бидат готови, можете да посипете со пармезан по желба.


Погледнете го и овој рецепт за вкусен куглоф со цреши.



Викенд коктел: Кафе со вотка⁠
⁠
Потребни состојки:⁠
⁠
- 1 лажица топла вода⁠
- 1 лажица инстант кафе⁠
- 1 лажица мед или шеќер или по вкус⁠
- 70 милилитри вотка⁠
- 2 до 3 лажици ликер од кафе или рум⁠
- 2 до 4 лажици млеко по избор⁠
- 1/4 лажичка екстракт од ванила⁠
⁠
Начин на подготовка:⁠
⁠
1. Комбинирајте ја топлата вода, инстант кафето и медот во еден сад. Мешајте со миксер за 2 до 3 минути. Можете и без миксер, но тогаш ќе ви треба повеќе време. Треба да добиете мека смеса.⁠
⁠
2. Наполнете една чаша со мраз. Додајте ја вотката, ликерот од кафе и екстракт од ванила. Додајте го млекото и промешајте. Додадете ја смесата од инстант кафето и уживајте.⁠
⁠
#фотонаденот #инстафото #инстамомент #рецепт #рецепти #рецептнаденот #инстарецепт⁠ #инстаграмџии #инстаграмџики #кафепауза #кафенаденот #кафе #ig_macedonia #instagraphytk #инстаграм #вкусно #коктел #викенд #вотка⁠


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here