Едноставен трик за омекнување на џемперот што ве боцка

0
100


Сигурно барем еднаш ви се случило да се заљубите во џемпер на прв поглед и потоа да се разочарате кога се сфатите дека е неудобен. Непријатниот бодеж на одредени плетива е непосакуван и никој не би требало да го трпи. За среќа, постои решение и за тоа.

Според модните експерти, џемперот може да се омекне на сличен начин како и косата.


Најпрво треба да го превртите наопаку, а потоа да го ставите во мешавина од студена вода и неколку лажици алкохолен оцет. Оставете го да отстои потопен околу 15 минути. Потоа исцедете го и додека уште е мокар нанесете на него регенератор за коса и добро втријте го во секој сантиметар од него.

По 30-тина минути измијте го со студена вода и внимателно исцедете го. Оставете го да се исуши на рамна површина, па ставете го во пластична кеса со патент и оставете го да отстои во замрзнувачот преку ноќ.

Тоа е тоа. Вашето омилено плетиво ќе биде поудобно и помеко од кога било порано, па ќе можете да го носите без страв од непријатните боцки.

Омилено зимско дуо: Мини здолниште и голем, топол џемпер!

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here