Една грешка и машината за перење ќе потроши двојно повеќе електрична енергија

0
125


Една грешка може да биде штетна и за буџетот и за облеката, но и драстично да влијае на вашата сметка за електрична енергија.

Иако на секое пакување има препорака колку детергент треба да ставите за едно перење, повеќето производители претеруваат, а тоа е така за да го трошите детергентот побрзо и да купувате почесто.


Вишокот детергент ќе остави бели дамки на облеката, но и ќе го заглави одводот, а тоа ќе предизвика машината за перење да троши двојно повеќе струја.

Исто така, важно е да се нагласи дека повеќе детергент не значи почисти алишта, иако повеќето луѓе мислат така, па поради тоа ненамерно истураат повеќе прашок и со тоа само ги оштетуваат алиштата и машината.

За квалитетно испрани алишта се потребни 3 елементи: температурата на водата, центрифугата и комбинацијата на детергент и омекнувач. Само кога овие три елементи ќе бидат оптимизирани, алиштата ќе бидат навистина чисти.

Освен тоа, важно е да ја изберете највисоката можна температура за перење бидејќи повисоката температура значи почисти алишта.

Изберете програма со подолги и со дополнителни плакнења, а што се однесува до детергентот, важно е да е со добар квалитет. Во упатството може да биде наведено дека треба да користите повеќе детергент отколку што е навистина потребно, а тоа ќе го знаете ако има премногу пена во текот на перењето.

Во тој случај, обидете се да ја најдете најниска препорачана количина детергент на пакувањето. Ако тоа не е наведено, едноставно намалете ја количината додека не ја пронајдете идеалната мерка.

Прочитајте го и овој трик што ќе ви помогне да го спречите насобирањето маснотии во машината за миење садови.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here