Европската вселенска агенција ја одобри мисијата Хера

0
123


Европските министри задолжени за Европската вселенска агенција ја одобрија мисијата Хера која ќе истражува дали дефлекцијата може да го спаси човештвото од опасноста oд астероидите.

Во текот на мисијата Хера, која е вредна 320 милиони евра, ЕСА и НАСА ќе испратат две летала до системот астероиди кои се наречени Didymos. НАСА најпрвин ќе предизвика судир на своите сонди DART со помал астероид под име Didymoon, а тоа ќе го сними италијанскиот сателит LICIACube. Леталата на ЕСА и НАСА ќе пристигнат подоцна и ќе го мапираат кратерот на ударот и ќе ја измерат масата на астероидите.

Исто така, Хера ќе носи два CubeSat сателити кои можат да летаат многу блиску до површината на астероидите уште пред да ја допрат. Овие мали летала со големина на актовка ќе делуваат како дронови и ќе собираат клучни податоци за кратерот, односно за местото на ударoт, масата на астероидите, а потоа податоците ќе ги испратат на научниците. 

Ударот на астероиди е можно да се спречи, за разлика од земјотресите и ерупциите на вулканите.

„Мора внимателно да следиме околу 2.000 објекти во близината на Земјата за да не се придружиме на колекцијата на прекрасните диносауруси“, изјави истражувачот Холгер Сиркс за Space.com.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here