Европол: Конфискуван половина тон кокаин, уапсени пет лица

0
102


Пет лица се уапсени и конфискувани околу половина тон кокаин и 520 грама кристал мет, скриени во кабина на брод кај Азурските Острови во Португалија, соопшти вчера Европол.

Седум куќи беа претресени како дел од истрагата.

Во  операцијата предводена од шпанската полиција заедно со одделот за наркотици на Европол, бил пресретнат брод за кој се открило дека прво пловел од Валенсија кон Бразил, а потоа од Бразил до Азурските Острови.

Штом се усидрил бродот, португалската и шпанската полиција ги уапсила членовите на екипажот. Покрај дрогата, запленето е и оружје, пари и наутички материјал.

Уапсените се идентификувани како членови на меѓународна криминална група, која се занимавала со разни нелегални активности во Шпанија.

Во акцијата учествуваа и полицајци од Естонија, Холандија и Португалија.





Source link

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here